Седници на три собраниски комисиии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да биде утврдена Предлог-одлуката за разрешување на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, односно за именување на нов генерален секретар на Собранието, како и за именување на заменици на генералниот секретар.
На дневниот ред се и предлог-одлуките за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, како и предлог-одлуки за утврдување на составот на делегациите на македонското Собрание во повеќе меѓународни организации и во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
Оваа Комисија треба да ја утврди и Предлог - одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици - членови на Националниот совет за евроинтеграции.
Комисија за образование, наука и спорт треба да се произнесе по Годишниот извештај за работата на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип за 2015/2016 година, по Извештајот за работата на ректорот на Државниот универзитет во Тетово за периодот 2015/2016 година, како и по Извештајот на ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид за работата на Универзитетот за периодот 2016 година.
Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе го разгледаат Предлогот на Завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
