Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за пасиштата, сите во второ читање.
Ќе се разгледува и Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството.
Членовите на Законодавно-правна комисија ќе расправаат по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, на Законот за земјоделското земјиште, на Законот за пасиштата, на Законот за финансиска дисциплина, сите во второ читање. На дневниот ред се и Законот за учебници за основно и средно образование и изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик, во прво читање, како и предлог - законите за пробација и за амнестија, во прво читање.
Предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот законик, предлог-законите за пробација и за амнестија, во прво читање, се на агендата и на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ново на Сител
-
На КОП29 во Азербејџан постигнат договор за обезбедување 300 милијарди долари годишно за посиромашните земји за справување со климатските промени
-
Украинска армија: Уништени повеќе од десет руски дронови кои во текот на ноќта го нападнаа Киев
-
Претседателски избори во Романија
-
Ведро и многу студено
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче