Седници на повеќе собраниски комисии, на дневен ред и измените на Законот за контрола на опојни дроги
Во Собранието на РМ денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за надворешна политика, за локална самоуправа и Комисијата за одбрана и безбедност.
Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за измени и дополнувања на повеќе предлог закони, меѓу кои се и измените на Законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и измените на Законот за прекинување на бременоста, сите во прво читање.
Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки е единствена точка на дневен ред на Комисијата за надвпрешни работи.
Комисијата за локална самоуправа организира јавна расправа на тема: Спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55).
Комисијата за одбрана и безбедност треба да се изјасни по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и по Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса