Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија, за образование, наука и спорт, како и за економски прашања.
Пред Законодавно-правната комисија која треба да одржи две седници, се вкупно 31 точка од различни сфери: финансии, економија, социјала, здравство, администрација,...
Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат предлог-законите за утврдување цени на водните услуги, за изменување на Законот за спортот, за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, како и за изменување и дополнување на Законот за енергетика, сите по скратена постапка, во второ читање,...
На дневен ред е и Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со втор дел од заем кај Европската инвестициска банка по Финансискиот договор за Проектот за изградба на автопатот на Коридор 10 на делницата Демир Капија – Смоквица, исто така по скратена постапка, во второ читање.
По оваа точка ќе расправа и Комисијата за финансирање и буџет на чиј дневен ред се уште и предлог - измените и дополнувањата на Законот за субвенционирање на станбен кредит, како и на Законот за Народната банка на Република Македонија.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа предлог - законите за утврдување цени на водните услуги, како и за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, додека пред Комисијата за образование, наука и спорт се измените на Законот за спортот, по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за економски прашања која исто така треба да одржи две седници, ќе дебатираат околу Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони во прво читање, како и за измените и дополнувањата на Законот за енергетика, по скратена постапка во второ читање.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“