Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на пет комисии.
Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за предлог – законите за задолжување кај Европската инвестициона банка за проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“ и кај Кредитната банка за обнова – КфВ за Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови. На дневен ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за ДДВ и на Законот за данокот на добивка, како и Предлог – законот за данок на моторни возила.
Комисијата за здравство треба да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, а Комисијата за труд и социјална политика Предлог законот за младински додаток и измените на законите за социјалната заштита, за пензиското и инвалидското осигурување и за заштита на децата.
Измените на законите за поштенските услуги, за градежно земјиште и за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, се на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Седница ќе одржи и Законодавно-првната комисија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи