Седници на неколку собраниски комисии
Седници денеска ќе одржат собраниските комисии за здравство, за европски прашања, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања и законодавно-правната.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства во прво читање.
Пратениците од Комисијата за европски прашања во прво читање ќе ги разгледаат предлог-законите за енергетика и за странци.
Предлог-законот за енергетика во прво читање е на дневен ред и на Комисијата за економски прашања.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија во второ читање ќе бидат разгледани предлозите-закони за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.
На дневен ред во второ читање се и предлозите закони за изменување на законите за животната средина и за заштита на природата.
Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, 60., 63. и 65.
Седница денеска ќе одржи и Националниот совет за евроинтеграции, на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила