Македонија
7. December 2020 - 8:42

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија се измените на Законот за   домување и измените и дополнувањата на Законот за железнички систем и на Законот за комуналните дејности, сите три во второ читање.

Три закони во второ читање ќе се најдат и пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Станува збор за Предлог измените на Законот за административни службеници поднесен од парламентарното мнозинство, како и Предлог -измените на Законот за личното име и Предлог измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија.