Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија се измените на Законот за домување и измените и дополнувањата на Законот за железнички систем и на Законот за комуналните дејности, сите три во второ читање.
Три закони во второ читање ќе се најдат и пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Станува збор за Предлог измените на Законот за административни службеници поднесен од парламентарното мнозинство, како и Предлог -измените на Законот за личното име и Предлог измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
