Македонија
25. December 2017 - 13:27

Седници на две собраниски комисии

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка е на дневен ред на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците  и на Законодавно-правната комисија, кои ќе заседаваат попладнево во Собранието.

На дневен ред на комисиите се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на сведоци и на Предлог-законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, двата по скратена постапка во второ читање.