Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-
Пред двете комисии се предлог - законите за ратификација на спогодбите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам за ослободување од визи за носителите на дипломатски или службени/официјални пасоши, меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања и меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации, како и Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија).
Законодавно-правната комисија ќе расправа и по три барања за давање автентични толкувања од законите за даноци на имот, за градежно земјиште и за изменување и дополнување на Законот за високо образование.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области