Македонија
27. јуни 2016 - 8:34

Седници на две собраниски комисии

 Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е заклучокот по Огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието на Република Македонија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да го разгледува     Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти во 2015 година.