Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието за денеска се најавени седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија, како и на Комицијата за европски прашања
Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за предлог- законите за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите во прво читање, измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, како и измените и дополнувањат на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот и законите за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, и на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, трите по скратена постапка и во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во прво читање, изменување и дополнување на Законот за прекршоците и на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија“, двата по скратена постапка, во второ читање.
Предлог законот за Агенцијата за раузнавање, по скратена постапка во второ читање, измените и дополнувањата на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во прво читање и Предлог законот за меѓународна соработка во кривичната материја исто така во прво читање ќе се најдат пред членовите на Комисијата за европски прашања.
Две седници ќе одржи и Законодавно – правната комисија.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош