Седници на четири собраниски комисии
Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на комисите за труд и социјална политика, за здравство, за транспорт, врски и екологија и за надворешна политика.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог - законот за национална база на податоци за лица со инвалидност, во прво читање, а на Комисијата за здравство за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, во второ читање.
На дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање.
Комисијата за надворешна политика треба да се изјасни за Предлог - законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка и Протоколот за спроведување финансиска поддршка помеѓу владите на Република Македонија и на Република Турција, како и за Предлог - законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македониjа и Европската унија за учество на РМ во Програмата на ЕУ „Вработување и социјални иновации".
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт