Седница на Уставен суд
Уставниот суд на денешната седница неповеде постапка за член 74, став 4 и членот 106, став 1, точка 9 од Законот за шумите.
Членот 74, став 4 од овој Закон предвидува изградбата на шумските патишта да се врши врз основа на проектна документација, додека со членот 106, став 1, точка 9 предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност за физичко лице доколку гради пат без проектна документација.
Според Судот постапката не е поведена, бидејќи нема никаков уставен проблем.
Судиите ја отфрли иницијативата поднесена на член 268, став 1 од Законот за општата управна постапка, бидејќи за тоа порано било решавано.
На денешната седница беа отфрлени и повеќе планови од Шумското стопанство-Берово, бидејќи Судот не е надлежен да одлучува по нив.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија