Седница на Судскиот совет: Да се зголеми бројот на судии во Основниот суд во Кратово
Основниот суд во Кратово работи само со двајца судии, од кои еден ја извршува функцијата претседател. Нема заостанати предмети и е без застој во решавањето на предметите, а судииите се преоптоварени, реферираше членот на Судскиот совет и координатор за овој суд, Весна Дамева, на денешната седница на Судскиот совет на која се разгледуваше извештајот за работа на овој суд.
Таа побара да се зголеми бројот на вработените во овој суд, односно да да се одобрат нови вработувања, како и да се направат напори за набавка на службено возило, бидејќи покрај со такси, судиите се превезувале и со возила на странките.
Советот едногласно го усвои Извештајот за работата на Основниот суд во Кратово и донесе заклучок да се закаже средба со Агенцијата за одземен имот за да се побараат возила за кратовскиот, но и за други судови кои немат возила.
Со мнозинство гласови Советот донесе одуки да им престанат фукциите на судиите Станка Везенковска и Сулејман Мемети. Управниот суд поништил одлуки на Судскиот совет со кои им бил продолжен мандатот до јуни.
За другите точки од дневниот ред за утврдување на фактичка состојба, Советот донесе одлука да се исклучи јавноста.
Ново на Сител
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести