Седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово
Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации посветена на Косово, јави Танјуг.
На седницата ќе биде рагледан редовниот тримесечен извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за работата на УНМИК и ситуацијата на Косово од 16 јануари до 15 април.
Гутереш во својот извештај истакнува дека изминатиов период во Косово се забележани серија настани кои не придонесуваат за ублажување на затегнатите односи меѓу Белград и Приштина.
- Практичната примена на спогодбата од дијалогот е екстремно бавна. Никакви конкретни чекори не се направени за воспоставувањето на Заедницата на српските општини, стои во извештајот објавен на страницата на Светската организација.
Во таа смисла, Гутреш ја наведува иницијативата за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово преку законски амандман, наместо со уставни промени, како и заканите на Даут Харадинај за етничко чистење кон Србите, доколку Судот во француксиот град Колмар и го испорача неговиот брат Рамуш на Србија.
Според документот, причина повеќе за загриженост е и порастот на меѓунационалната нетрпеливост, како и говорот и дејствијата што го разгоруваат сето тоа.
- Ги повикувам политичките лидери да бидат поактивни, во намалувањето на тој отпор и да спречат лажните гласини да ја замаглат перцепцијата и искриват фактите. Иако повратниците се познати и однапред проверени од страна на косовските власти, некои функционери и натаму се однесуваат неодговорно, потикнувајќи неосновани гласини за нив, укажува Гутереш.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво