Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси
Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.
Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот.
Претседателот на Советот Трајко Славески на 22 овој месец по координацијата со Арсовска изјави дека овие програми ќе бидат поддржани од советниците, изразувајќи очекување дека од 1 септември јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакува.
- Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот.
Претходно Арсовска имаше средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски, кој ја повика поради состојбите во главниот град. Мицкоски кажа дека доколку за една недела не почне да се работи на решавање на проблемите во градот, ќе побара изземање на ингеренциите на некои јавни претпријатија. Подоцна тој сепак побара од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат плановите на Град Скопје.
Градоначалничката Арсовска за состојбите во градот ги обвини советните на ВМРО-ДПМНЕ кои не ги поддржувале нејзините предлози, особено во делот на автобускиот превоз.
Претседателот на Советот Славески, пак, повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.
- Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентиот, рече Славески и дополни дека постои расооложение тоа да се прави сукцесивно.
Ново на Сител
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години