Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Во Собранието на Република Македонија за денеска е закажана седница на собраниската Законодавно-правна комисија.
На дневен ред на Комисијата се предлог законите за изменување и дополнување на законите за стидентскиот стандард и за Државниот инспекторат за земјоделство, за народниот правобранител, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата треба да се изјаснат и за барањето за давање автентично толкување на член 368 став 1 од Законот за облигациски односи, поднесено од пратеникот Благоја Деспотоски.
На дневен ред е и барањето за давање автентично толкување на член 10 став 4 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015 и 217/2016), а во врска со член 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) и член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.129/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Струга.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
