Македонија
18. November 2015 - 8:27

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред е Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана во второ читање.

Челеновите на Комисијата ќе ги разгледаат и предлог законите за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање, и за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и взаемна заштита на инвестиции.

На дневен ред се барањата за давање автентично толкување на член 10 став 4 и член 12 став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, и на  член 20 ставови 2 и 3 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.