Седница на собраниската Комисија за надворешна политика
Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за надворешна политика. На дневен ред е разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 01.08.2017 година.
Претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ минатата недела побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да реферира пред членовите на ова собраниско тело за што се разговара со Бугарија, пред состанокот на Советот на ЕУ следната недела.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информира дека денеска во собраниската Комисија ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што рече, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.
– Иако целиот овој период се обидов да бидам транспарентен со јавноста во однос на тоа што разговараме, што се пречките, кои се принципите, кои се нашите очекувања, добро е да се направи пресек пред пратениците. Така што ќе се објаснат позициите наши, односно тоа дека Република Македонија ги има исполнето сите услови за почнување преговори и преговорите заслужува да ги почне, истакна во интервју за Телма министерот Османи.
Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти РМ е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.
Османи, преку својот профил на Фејсбук, каде најави дека ќе вложи напори денеска да биде во Скопје и да зборува пред Комисијата, но исто така побара од Милошоски да го закажа продолжението на седницата на кое треба да реферираат идните македонски амбасадори.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути