Македонија
6. December 2017 - 8:30

Седница на собраниската Комисија за култура

Собраниската Комисија за култура денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година.

Пред членовите на Комисијата е и формирањето работна група за посета на институциите од областа на културата.