Седница на Синодот на МПЦ-ОА
Синодот на Македонската православна црква - Охридска архипиекопија денеска ќе одржи седница.
Портпаролот на Синодот, г. Тимотеј денеска за МИА изјави дека на седницата ќе стане збор за повеќе теми меѓу кои за просветните институции, за финансиските средства...
- Крај на годината и ќе разговараме околу просветните институции. Тоа е најактуелно. Ќе стане збор за парите..., рече г. Тимотеј.
Во врска со тоа дали на денешната седница на Синодот ќе стане збор за барањето до Бугарската православна црква да биде мајка - црква на Македонската православна црква, рече „тоа е решено, може да се разговара, меѓутоа ништо ново не е тоа, испратено е писмо, почнати се разговори“.
На прашање дали ќе бидат разгледани одредени дилеми кои произлегуваат од барањето до БПЦ, посочи дека според него, нема дилеми.
- Имаше некои мали недоразбирања меѓу некои архиереи, меѓутоа во принцип тоа е едногласно, нема тука што да се разговара, додаде митрополит Тимотеј.
Седницата на Синодот следува по првата средба што во Софија пред неколку дена ја имаа претставници на комисиите на двете цркви. Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, кој е дел од Комисијата на МПЦ-ОА вчера посочи дека очекува работите да бидат поставени правилно согласно нашите посебности и покрај истоветноста на двете цркви.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово