Седница на СБ на ОН по барање на Русија во врска со сирискиот конфликт

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи седница зад затворени врати, на која ќе биде разгледан сирискиот конфликт, соопштија дипломатски извори.
Седницата е свикана по барање на Русија, која, како што јави ТАСС, е загрижена од плановите на турската Влада за евентуална копнена операција во Сирија.
- Русија планира да му предаде на Советот за безбедност резолуција, во која ќе бара спречување на активностите со кои се поткопува суверенитетот на Сирија, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Турција предложи заедничка копнена операција во Сирија со своите меѓународни сојузници, тврдејќи дека таква интервенција е единствен начин да запре војната во оваа земја, која трае веќе пет години.
Од друга страна, Русија во Сирија извршува воздушни напади, со цел да го поддржи сирискиот претседател Башар ал Асад, чие заминување од власта го сакаат Турција и нејзините сојузници.
Ново на Сител
-

Женско е првото родено бебе во 2026
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
