Седница на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е усвојување на оперативниот план за преземање активности во функција на вршење вкрстени проверки со базите на податоци добиени од други државни институции и утврдувањето на условите кои треба да ги поседуваат ИТ компаниите за вршење вкрстени проверки на Избирачкиот список.
Членовите на Комисијата ќе расправаат и за предлог правилниците за внатрешна организација и делокруг на работа на Стручната служба на Државната изборна комисија и за систематизација на работните места на Стручната служба на ДИК.
На дневниот ред на седницата е и Заклучокот за објавување оглас за вработување 10 извршители на определено време во траење до 31 декември 2016 година.
Како што информираат од ДИК, седницата е отворена за медиумите.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
