Бизнис
1. јуни 2018 - 9:04

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е  Предлог-стратегискиот план на Собранието на РМ за периодот 2019-2021 година.

На седницата ќе биде разгледана и Предлог-одлуката за начинот на функционирање и обезбедување на средства за остварување на контакти на пратениците со граѓаните.