Македонија
1. November 2021 - 8:05

Седница на Антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 54. седница.

На дневен ред на Комисијата е изрекување на глоба за сторен прекршок поради недоставување на изјава за имотна состојба од страна на избрани и именувани лица.

Антикорупционерите, како што е најавено, треба да разгледаат и одлучат и за постапување по конкретни предмети.

Седницата ќе се одржи онлајн преку платформата ZOOM.