Седнал на вц школка, а потоа го каснал џиновски отровен пајак - Но тоа не е најлошата работа!
Австралијански трговец (21) по втор пат имал несреќа да го касне отровен пајак за пенис, додека седел на вц школка.
Момчето користел мобилен тоалет на градилиште во Сиднеј, кога повторно доживеал нешто како и пред пет години.
Џордан, кој не сакал да го открива своето презиме, изјавил дека пајакот го каснал на исто место како и предходниот пат.
- Јас сум, моментално, најмалерозниот човек на светот. Бев во тоалет кога го осетив познатиот убод. Не можев да поверувам дека тоа повторно ми се случува, погледнав надоле и ги видов неговите нозе како се појавуваат, раскажува Џордан.
Момчето било префрлено во болница, а по прегледот бил пуштен на домашно лекување.
- По првото каснување повеќе не сакав да користам монтажни тоалети, меѓутоа, овој денес го чистеа, па помислив дека е сигурено. Погледнав во вц школката на сите страни и потоа седнав, а потоа набрзо осетив силна болка.
Пајкаот кој го каснал припаѓа во истиот вид како и црната вдовица, а од неа се раликува по долгата црвена линија преку абдоменот. Неговото каснување предизвикува силни болки, потење и вртоглавица.
Иако пред повеќе децении забележани се бројни смртни случаеви предизвикани од овој вид на пајаци, сепак повеќе нема такви случаеви откако на крајот од педесетите е направен делотворен противотров.
Ново на Сител
-
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-
500 луѓе и 120 возила на собир по полноќ во Струга, одземени 5 возила поради бучава
-
Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување
-
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари | ВИДЕО
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка
-
Гевгеличанец фатен со 26 грама кокаин, ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом пред полицајците