-->
-->
„Седмица“ во Сан Себастијан
-->

Лионел Меси постави уште еден рекорд во дресот на Барселона, одигрувајќи го својот 768. меч во дресот на Блауграна, во меч во кој постигна два гола и имаше една асистенција да помогне за доминантна 1:6 победа на гости кај Реал Сосиедад.
Само една недела откако се израмни со легендарниот Чави против Уеска, капитенот сега стана рекордер за Каталонците, кои ако го убедат да остане ќе постави рекорд кој тешко дека ќе биде достижен.
На „Аноета“, Антоан Гризман прво го прослави својот роденден со гол во 37. минута, за само шест минути подоцна Меси да му асистира на Американецот Сержињо Дест за 0:2. Дест постигна уште еден гол во второто полувреме во 53. минута, за во 57. минута, самиот Меси да стрела за огромна 0:4 предност. Усман Дембеле откако му беше поништен гол во 67. минута поради офсајд во 71. минута го пронајде патот до мрежата на Алехандро Ремиро за 0:5, пред Баранчеа Мугуруза да го постигне утешителниот гол за Сосиедад во 77. минута од мечот, за Меси да стави печат на неверојатниот меч во 89. минута.
Со победата, Барса се врати на второто место во Ла лига со 62 поени, четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид и два пред третопласираниот Реал Мадрид. Сосиедад се петти со 45 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
