Седми ден од руската воена операција во Украина
Наместо за преговори, 7 ден од руската инвазија во Украина стана ден за освојување на Харков. Вториот по големина украински град од утрово е под постојан напад на руските воени сили, а видео материјалите на социјалните мрежи сведочат дека уништена е зградата каде што е сместена воената полиција.
Во текот на ноќта пак и двете страни потврдија дека под руска контрола паднал и Градот Херсон, кој беше цел на руската армија претходните сва дена. Птврда за ова пристигна и од градоначалникот Игор Колихаев. Од утрово целосно опколен е и градот Мариупул, а руската војска најавиде ќа биде оставен корисор за сите оние кои сакаат да го напуштата градот пред влеугавње на руските трупи.
Големата акција за заземање на Киев уште не е почната, но затоа мета на руските ракети ноќеска бил и градот Житомир, кој се наоѓа 120 километри западно од украинската престолнина.
Медиумите утрво јавија дека бил спречен обид за атентат врз претседателот Володомир Зеленски. Тој пак во последното интевју за ББЦ уште една побара поголема помош од НАТО.
Во меѓувреме Шпанија е последната европска земја која најави воена помош за Украина. Премиерот Педро Санчез најави испорака на офанзицна воена опрема за украинската војска.
Првиот човек на САД Џо Бајден пак во годишниот говор остро го осуди нападот на Русија врз Украина, и се закани дека Русија ќе се соочи со уште потешки санкции.
Агенцијата РИА пак пренесува дека Министерот за НР на Русија Сергеј Лавров рекол дека доколку Украина набаи нуклеарно оружје Русија ќе се соочи со серозен предизвик, но употребата на такво оружје би можело да значи и трета светска војна.
Наспроти ова, Рускиот опозиционер Навални кој се наоѓа во затвор ги повика руските државјани да излезат на протетсти.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар
