-->
-->
Седлоски место Андреев на кормилото на Вардар
-->
Сергеј Андреев од денеска не е тренер на екипата на Вардар, соопшти македонскиот шампион.
- Раководството на нашиот тим го разреши првиот тренер на екипата, после 20 месеци соработка и раководење со клупата на „црвено-црните“. Андреев во минатата сезона ја донесе и титулата на Вардар, а играше и во Лигата на шампионите против кипарски АПОЕЛ. Како што е познато нашиот тим беше елиминиран во второто квалификациско коло. На Сергеј Андреев му посакуваме среќа во понатамошната кариера, и му благодариме за досега сработеното за нашиот тим и освоената титула првак на Македонија за сезоната 2014-2015, стои во соопштението на клупската веб-страна на Вардар.
Сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко во соработка со менаџментот донесе одлука довербата во иднина да му ја додели на Гоце Седлоски, кој е назначен за нов шеф на стручниот штаб.
Македонската фудбалска легенда до сега ја извршуваше функцијата спортски директор на „црвено-црните“, и ќе дојде на местото на Андреев. Тој со своето искуство треба да го подигне нивото на клубот кој има големи амбиции за во иднина.
Седлоски има долга интернационална кариера играјќи за Хајдук, Шефилд, Вегалта, Дијарбакир и Матерзбург. За македонскиот национален тим има одиграно точно 100 натпревари, а беше селектор на сениорите на еден натпревар против Литванија, а ги водеше младинците на Матерзбург и беше тренер на првиот тим на Хоризонт Турново со кој успеа да избори прв пласман во Лигата на Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка
-
Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти
-
Кривична за градоначалникот на Кичево, одобрил оформување дива депонија и ја загрозил животната средина и природата
-
Студентскиот дом „Кузман“ готов до 2026та, во план е да се реновираат сите студентски домови
-
Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде каде што е потребно
-
Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре попладне до четврток
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка