-->
-->
Седлоски го исполни ветувањето
-->
Шефот на стручниот штаб на Вардар на прес конференцијата после натпреварот, ги искажа своите импресии од победата над Малме и пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите.
„Честитките одат за моите играчи кои што одиграа импресивен натпревар против Малме. И после водството на противникот во првиот дел, им кажав дека можеме да дадеме гол и да ја анулираме таа предност. Успеавме да израмниме со голот на Грнчаров, а веднаш потоа дојде и вториот гол со кој се стекнавме со водство. Знаевме дека после нашата предност, Малме ќе нападне за да израмни, а ние чекаме шанса од противнапад да дадеме уште еден гол. Успеавме во тоа во финишот од средбата“, вели Седлоски.
Предводникот на „црвено-црните“ на средбата со новинарите откри еден интересен детал, дека дал ветување до сопственикот Сергеј Самсоненко дека Вардар ќе успее да го мине Малме.
„Дадов ветување до г-нот Сергеј Самсоненко дека Вардар ќе го мине Малме, и тоа ветување се исполни. Ова е голем успех за Вардар, за целокупниот македонски фудбал и уште еднаш честитки до момците, до раководството до сите кои што се заслужни за ова што го направивме“, изјави Седлоски на прес конференцијата после натпреварот со Малме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата