Сеат Кочан ќе се брани од слобода

Бизнисменот Сеат Кочан останува да се брани од слобода. Кривичниот совет доцна попладне ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со која се бараше притвор за осомничениот Кочан кој е првоосомничен во случајот "Труст" што го отвори СЈО. Кочан даде гаранција од околу 900.000 евра за да може да се брани од слобода,а од Кривичниот совет посочуваат дека течат роковите за жалба, но само во однос на висината на гаранцијата од скоро еден милион евра и мерките за претпазливост. СЈО не исклучува нова жалба.
Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на денешното рочиште ги изнеле аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото. За нив високата парична гаранција и одземениот пасош не се доволна гаранција.Поради тоа не е исклучено СЈО повторно да побара притвор. Бубевски, пред да влезе на расправата изјави дека доколку Кривичен ја одбие жалбата тоа е конечна одлука, но бидејќи се работи за процесни одлуки и ако постојат нови причини можат повторно да предложат мерка притвор.
Одбраната на Кочан смета дека висината на гаранцијата е доказ дека осомничениот нема да го повтори делото. Адвокатот на Кочан, Никола Додевски не разбира зошто СЈО инсистира на притвор. Тој рече дека ова е "најголема гаранција дадена за некој случај" , и за него не е сфатливо ако некој бара притвор и повлекување на гаранцијата само притворот да го претвори во казна.
Бирото за јавни набавки во четвртокот на 18 мај објави дека компанијата на Сеад Кочан "Трансмет", чии што сметки се блокирани на барање на СЈО, повторно добила тендер кај ЕЛЕМ.
Поради ова обвинителството смета дека покрај тоа што е апсурдно да му се укине притвор на човек кој веќе бил избеган, тој повторно добил тендер од ЕЛЕМ, што покажува дека може да го повтори делото, па затоа и висината на гаранцијата може да е несоодветна.
Извор: Утрински
Ново на Сител
-

Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет
-

Мицкоски на потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
-

ОН ќе гласа за предлогот за отворање на Ормуската Теснина
-

Трамп вели дека мостовите и електричните централи во Иран се следните цели
-

Променливо облачно со повремен локален дожд
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
