Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела

Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо.
Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради.
Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати.
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез потврди дека спасувачите работат на пронаоѓање на преживеани и оти помош пристигнала од САД, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Мексико и Катар.
САД ветија 150 милиони долари помош, а американската армија испрати транспортни бродови и авиони за поддршка на тимовите за пребарување и спасување.
Во Венецуела беа регистрирани два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на првиот земјотрес беше западно од градот Морон, на карипскиот брег на длабочина од 13 километри. За кратко време уследи уште еден земјотрес со епицентар на 16 километри југозападно од Морон, кој е оддалечен од Каракас 168 километри.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
