-->
-->
Се зголемува бројот на заболени од карцином на дебелото црево
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/april/kancer-216866.jpg?itok=3REqf_fV)
Ова беше посочено на денешната меѓународна конференција насловена „Early Occurrence of Colorectal Carcinoma. Where we are. Where are we going?”, што ја организира Клиничката Болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control) во Скопје.
Д-р Владимир Димов истакна дека денеска колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти.
Во Македонија, како што беше посочено, тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 отсто.
-Целта на оваа конференција е да ги расветлат сите аспекти за можните фактори за влошување на оваа ситуација како што се: диететски причини, специфики на различни региони во светот, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг, рече Димов.
Министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше наконференцијата, истакна дека особено е важно да им се овозможи на грѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници, државата размислува да продолжи со концептот на јавно приватно парнерство.
-Верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест, изјави министерот Филипче.
Директорката на Аџибадем Систина д-р Јана Марин на отворањето истакна дека од самиот почеток силно го поддржаат и поттикнуваат развојот на научната мисла и практика, секогаш заедно во координација и соработка со сите професионални здруженија и со владините институции и јавното здравство.
На конференција беше промовиран печатен едукативен материјал кој досега е преведен во повеќе од 20 земји во светот. Брошурите со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на карциномот на дебело црево ќе бидат дистрибуирани по сите амбуланти низ земјава се со цел информирање на популацијата и подигнување на свеста кај населението.
На дводневната конференција присуствуваат четириесетина еминенти доктори предавачи од повеќе земји од Европа и од Азија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров