Се затвора најстарата слаткарница во Истанбул
Легендарната слаткарница „Лебон“, којашто се наоѓа во центарот на Истанбул, Турција, ги затвора вратите поради превисока кирија.
Слаткарницата, според сопствениците, во Турската Држава работи веќе 212 години. Но, сега луѓето кои ја водат, се принудени да ја затворат, откако сопственикот на просториите на „Истиклал“ ја зголемил киријата. Претходната цена од 42.500 турски лири (околу 2.300 евра) е покачена на 185.000 лири (10.000 евра), според Абдурахман Џенгиз, еден од одговорните во слаткарницата.
– Оваа слаткарница е прва во отоманската и републиканската историја на земјата. Би сакал брендот да опстои, но тоа не успеа. За да се преселам на друго место, пак, ми требаат 10 милиони турски лири. И тоа е невозможно, додаде Џенгиз.
Според него, во слаткарницата се инвестирани 10 милиони евра, а по затворањето, 12-мина вработени ќе останат без работа.
Слаткарницата „Лебон“ била отворена 1810 година, од Едуард Лебон во областа Бејоглу. Џенгиз и неговиот партнер Шаќир Екинчи го купиле брендот во 1985 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
