Се запали траект на Филипините, крајбрежната стража спаси 120 луѓе
Спасени се сите 120 лица на траектот што денеска се запали на море во централниот дел на Филипините, соопшти крајбрежната стража. Бродот M/V Esperanza Star, со 65 патници и 55 офицери и членови на екипажот, се запалил додека пловел од јужниот остров Сикијор кон блискиот остров Бохол, соопшти крајбрежната стража.
Пожарникарите на крајбрежната стража на друг брод употребија воден топ за да го изгаснат пожарот, изјави портпаролот. Причината за пожарот сè уште не е позната. Не е соопштено каде се спасените патници и членови на екипажот и каква е нивната состојба.
Филипините, архипелаг со повеќе од 7.600 острови, имаат лоша поморска безбедност, со бродови кои често се преполни и многу стари.
Во март, ферибот со околу 250 луѓе се запали и на југот на Филипините, при што загинаа повеќе од дваесет луѓе, меѓу кои и едно шестмесечно бебе.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада