Се врати Валтер и отвори профил на Инстаграм
Бардот на југословенскиот филм, Велимир Бата Живоиновиќ можете да го следите и на Инстаграм профилот кој го води неговата внука Дина, и во договор со нејзиниот дедо објавува фотографии од животот на славниот актер.
Внуката на славниот актер во разговор за Klix.ba изјави дека со оглед на многуте фотографии, артефакти и документи кои ги поседува нивната фамилија, таа имала желба и пошироката јавност да ја запознае со богатата уметничка и животна биографија на нејзиниот дедо.
Од таа причина таа одлучи да направи Инстаграм профил посветен на нејзинот дедо и тоа се покажало дека била добра одлкука.
- Сите ние, членовите на семејството, со години и децении ги собиравме фотографиите. Пред се, мојата баба Јулијана која го следеше на сите снимња, а подоцна и мојот татко и мојата тетка Јелена. Така настана единствена збирка од неколку илјади фотографии со помош кои ќе зачуваме едно време, една кинематографија и би рекла, дури и една култура која повеќе ја нема на овие простори, во однос на значењето, потенцијалот и дострелот кој тогаш го имала, рече за Klix.ba Дина Живоиновиќ, внука на Бата Живоиновиќ која моментално живее во Лондон.
Ново на Сител
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош