Македонија
9. May 2021 - 16:31

Се враќаат туристите од регионот

Туристите од Србија и Црна Гора се враќаат на брегот на Охридското Езеро. Веќе има најави за петдневни аранжмани од агенциите почнувајќи од месец мај па се до септември. Со оглед на тоа дека туризмот поради пандемијата во целиот свет беше во застој туристичките работници се надеваат дека со вакцинацијата ќе се стабилизира состојбата и ова лето ќе биде подобро од лани. Природните убавини на Охрид, културното богатство како и посебната гастрономска понуда повторно го освојуваат туристички пазар.

Хотелиерите за оваа сезона покрај домашните кои како што велат ќе бидат најбројни очекуваат и гости од регионот но и од подалечните земји.

Хотелиерите на охридско - струшката ривиера неодамна најавија дека оваа сезона ќе нудат поевтини аранжмани за српските туриси и до 20 % во зависност од периодот на престојот а  промотивни пакети велат ќе има и за гостите од останатите соседни земји.