Се влошуваат односите помеѓу Израел и Русија
– Односите помеѓу Израел и Русија се влошени откако Москва иницира процедура за затворање на агенцијата која им помага на руските Евреи да емигрираат во Израел.
– Руската одлука да ја затвори агенцијата што ја обработува еврејската имиграција во Израел е сериозен настан што ќе влијае на билатералните врски, истака израелскиот премиер Јаир Лапид. Московскиот суд минатата недела соопшти дека Министерството за правда побарало затворање на еврејската агенција поради наводни прекршувања на законот, што не се јавно прецизирани и закажа рочиште за 28 јули.
Затворањето на агенцијата може да се протолкуваа како предупредување од Кремљ до Лапид, кој има поостра реторика за украинскиот конфликт од поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој се повлече на 1 јули.
Лапид по одлуката наредил „правната делегација да оди во Москва, откако ќе биде добиено руското одобрение за разговори и да вложи максимални напори за исцрпување на правниот дијалог“.
Ново на Сител
-
Автомобил се запали кај „Кјуби“ | ФОТО
-
Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје