-->
-->
Се утврдуваат причините за пожарот во штала кај велешко Грнчиште
-->
Четири возила и шест пожарникари го гаснеле пожарот што синоќа зафати штала на патот кон велешкото село Грнчиште. Како што соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, пожарот избувнал околу 21 часот и бил пријавен во СВР Велес.
Командирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски за МИА изјави дека по повикот веднаш излегле на терен со четири возила и шест пожарникари и пожарот го изгаснале во 23.45 часот.
Во пожарот изгореле една крава, шест кокошки и 520 бали сено, а целосно била уништена и покривната конструкција на објектот од 60 на 120 метри.
Портпаролот на СВР Велес Додевски информираше дека нивна екипа е на терен и ги утврдува причините за настанатиот пожар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
