Македонија
16. March 2022 - 12:30

Се уште трае проценката на штетите од земјотресот во Битола

Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола којшто се случи на почетокот на јануари се уште нема излезено на терен, реагираше советникот од ЛДП во Советот на Општина Битола, Валентин Груевски. Тој истакна дека имале иницијатива Владата да донесе заклучок со кој ќе се обештетат граѓаните веднаш после земјотресот. 

-70 дена после таа одлука Општина Битола се уште не започнала со проценка на штетите. Владата беше тука, донесе заклучок, рече дека ќе обештети што може да се обештети, меѓутоа се уште не е почната проценката на штети од Општина Битола. Комисијата иако на првиот ден кога зборувавме да се формира не не послушаа, после два месеци ја дополнија Комисијата, меѓутоа се уште на терен не се излезени  комисиите за проценка на штети. Не знам дали во законскиот рок Општина Битола ќе стигне да ги процени сите штети од земјотресот, рече Валентин Груевски, советник од ЛДП. 

Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски рече дека досега се направени повеќе од 200 проценки од страна на Комисијата.

- Комисијата е составена од стручни лица којшто ѓе направат проценка на штетите, а бројот на барања којшто се поднесени до Општина Битола е повеќе од 2700 барања. Согласно бројот на членовите коишто ги има во комисиите и временскиот период којшто  е на располагање, одприлика за 4 месеци сите домаќинства ќе бидат посетени коишто пријавиле штета.Извештај ќе биде направен согласно методологијата која што е објавена за проценка на штети од земјотреси, која што има бројни недоречености. Сите лица коишто се вклучени во проценката на штети веќе се направени обуки за нив, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Бојкоски вели дека направениот извештај во септември или октомври ќе биде ставен на седница на Совет и ќе биде направена проценка.