Сe уште неотворена вандализирана нова градинка во Бутел | ФОТО
Вандализирана е новата градинка во Бутел 1, којашто ќе биде отворена во септември годинава, соопшти Општина Бутел.
Оттаму информираат дека МВР има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот.
Направена е голема штета во новата градинка. Градоначалникот Дарко Костовски најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам. Срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви. Градоначалникот упатува апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика, соопшти општинската прес-служба.
Општина Бутел, стои во соопштението, доживува ренесансен период и се гради како никогаш досега.
Во Бутел се градат две нови градинки, со кои ќе се реши проблемот за згрижување на дечињата и ќе се исполни најголемото барање на граѓаните.
Ново на Сител
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања