Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден
Уште едел дел од важниот мост во источниот германски град Дрезден се урна рано утринава при контролирани активности за уривање, а целиот погоден дел треба да се отстрани, јави ДПА.
Инженерите вчера почнаа да го уриваат оштетениот дел за да спречат понатамошна опасност и да се подготват за предвидените поплави.
Делови од мостот „Карола“, долг околу 100 метри, рано во средата паднаа во реката Елба.
Доколку инцидентот се случеше подоцна во текот на денот, можеше да резултира со многу несреќи бидејќи се наоѓа во непосредна близина на трамвајски патеки, велосипедски патеки и пешачки области.
Метеоролозите најавуваат поплави во наредните денови, што значително би ја зголемило опасноста од натамошно уривање на оштетената градба.
Во недела се очекува реката Елба да се излее од коритото поради обилните врнежи кои се очекуваат во соседна Чешка.
Германската покраина Саксонија, каде што се наоѓа Дрезден, исто така се подготвува за континуиран дожд во источните области, а предупредувања за поплави се издадени и за реките Шпре и Лаузицер Најсе.
Мостот е со вкупна должина од околу 400 метри и се состои од три дела. Непосредно пред уривањето, санирани се два дела од мостот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп