Се урна руски хеликоптер најмалку 19 лица загинаа
Најмалку 19 лица загинаа, а тројца се здобија со тешки повреди при хеликоптерска несреќа Ми-8 на полуостровот Јамал во северозападен Сибир во текот на изминатата ноќ, соопштија истражните органи, пренесува ТАСС.
Хеликоптерот на авиокомпанијата „Скол" се урна при принудно слетување на 80 километри од Новиј Уренгој. Хеликоптерот извршувал лет од Сузунското наоѓалиште во Краснојарскиот регион до Новиј Уренгој во Јамало-Ненецкиот автономен округ.
Во леталото имало 22 лица. Од прес-службата на „Роснефт" прецизираа дека хеликоптерот превезувал соработници на компанијата. Претставник на Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека еден од тешко повредените е транспортиран со хеликоптер до Новоуренгојската градска болница, а двајца се во болница во населбата Новозаполјарниј.
Во потрагата биле вклучени 140 спасувачи и 20 единици техника. Сигналот за несреќата бил добиен вчера во 18:57 часот.
Инспекторите работат на три верзии - прекршување на правилата за безбедност, дефект на техниката и неповолни метеоролошки услови. ссм/08:37
Ново на Сител
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец