-->
-->
Се урна конструкција - Седум лица загинаа
-->

Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени денеска при уривање на паркинг за автомобили во изградба во западниот дел на Мексико Сити, изјавија претставници на мексиканската брза помош.
Спасувачките екипи трагаат по преживеаните, бидејќи се верува дека има работници, кои се наоѓаат под урнатините.
Шефот на градската Цивилна служба, Фауст Луга изјави дека спасувачките екипи користат и специјална опрема во потрага по преживеаните.
Несреќата се случила кога работниците се обиделе да постават бетонска греда на конструкцијата на повеќекатната гаража во шопинг центар во дистриктот Оливар де Лос Падрес.
Истрагата за несреќата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
