Македонија
4. October 2015 - 18:08

Се уредува паркот на велешката Гимназија „Кочо Рацин“

Паркот пред СОУ „Гимназија Кочо Рацин” се реконструира. Екипи на ЈКП „Дервен” интензивно работат на негово уредување. Реконструкцијата предвидува оформување нови патеки, целосно осветлување, поставување на урбана опрема, клупи, летниковци, канделабри и корпи за отпадоци.

 
- Од неодамна на целата површина е поставен и систем за наводнување. Со преуредување на паркот на  гимназијата „Кочо Рацин“ во центарот на Нова Населба во Велес, наскоро граѓаните ќе добијат уште едно ново пријатно место каде ќе можат да го поминуваат своето слободно време, информира за медиумите Мартин Мајсторов портпарол на општина Велес.