-->
-->
Се убила за време на вести - колегите мислеле дека е шала
-->
Кога водителката Кристин Чабак ја започна својата емисија рано наутро на 15 јули 1974 година, никој не знаеше што ќе се случи и што таа планира. Сам неколку минути по почетокот на утринската емисија, таа била мртва пред камерите. Водителката си пукала во главата, а иако снимката потоа била уништена, сите гледачи во живо го виделе грозоморниот настан.
Водителката тогаш имала 29 години и била едно од најпопуларните ТВ лица на Флорида. Иако на прв поглед делувала како среќна жена, сепак никој не ни претпоставувал дека ќе си го одземе животот. Она што луѓето не го знаеле е дека таа долги години патела од депресија. Се борела со тоа дека е сама. Имала самоубиствени тенденции уште од 1970-та година.
Навидум силната и среќна жена, всушност била скршена одвнатре. Таа не ја споделила маката со колегите, па затоа и пред смртта и дале да прави прилог за самоубиства. Таа посетила полициска станица и се информирала кој е најефективен и безболен начин да се одземе живот, како дел од прилогот, иако секако се спремала самата себе.
И додека обично утрата ги почнувала со интервјуа и гости, таа на 15 јули кобната 1974 година рекла дека сака да почне со важна вест. Таа читала прилог за убиство па реклла: Како што е редот, во живо ќе видите и самите како изгледа тоа. Потоа извадила пиштол и се убила пукајќи си десното уво. Всушност била однесена во болница и починала 14 часа покасно.
Поминаа 40 години од нејзината смрт а засега сеуште е мистерија причината. За овој настан е направен и филм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот