Живот
10. September 2017 - 14:37

Се туширате со леќи - повеќе нема да ви падне на памет

Правилата за носење контактни леќи постојат со причина и си го ризикувате видот доколку не ги почитувате.

Доколку носите контактни леќи долго време, постои можност да станете малку поопуштени во врска со правилата.

Доколку се туширате со нив ризикувате да добиете микроорганизам кој ја напаѓа рожницата на окото и предизвикува заболување.

Во подоцнежна фаза инфекцијата може да доведе до воспаление и губење на видот.

Експертите советуваат веднаш да побаате помош во случај да забележите проблеми со видот.