Се судрија трактор и цитроен, повеќе лица завршија во болница
Се судрија трактор и цитроен, повеќе лица се повредени меѓу кои и малолетник.
- На 04.12.2021 во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.
Ново на Сител
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
