Се стабилизира состојбата со сметот во Тетово
Нова надеж за тетовци дека нема да се соочуваат со огромните количини смет складирани на претоварната станица на комуналното претријатие на влезот во градот. Откако два дена мештаните од селата близу регионалната депонија Русино не дозволуваа депонирање на отпадот, со нови преговори е договорено сепак да продолжи носењето и складирањето на сметот од Тетово.
Покрај носењето на сметот од Тетово во регионалната депонија, општините од полошкиот регион согласно договорот со месното население близу Русино треба да ги исполнат обврските за чистење на сметот покрај патот, како и асфалтирање на делницата.
Регионална депонија и рециклирање на смет како и нова локација на претоварната станица треба да придонесе за долгорочно надминување на проблемот со отпадот во Тетово.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
